Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Јоханесбург

20230611111000_big_730x400_47
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од пет степени рано утринава го погоди Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, објави Американскиот геолошки институт (УСГС).  Според институтот кој ги евидентира земјотресите ширум светот, земјотресот во Јоханесбург се случил во 2.38 часот по локално време. Епицентарот бил на шест километри од Албертон, град во југоисточното предградие на Јоханесбург.

Засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.  Земјотрес од таа јачина се смета за помал, но јасно се чувствува и може да предизвика помала штета на зградите.  Во Јужна Африка земјотресите се ретки. Последниот со магнитуда 5,0 или појак е забележан во 2014 година.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK