Земјотрес со јачина од 6,8 степени во Јапонија

zemjotres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди во саботата северниот и североисточниот дел на Јапонија, јавуваат локалните медиуми.


Сепак, метеоролошката агенција не издаде предупредување за цунами.

Според јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот бил на околу 490 километри под површината на Земјата.

Засега не е забележана штета во погодената област, најсеверниот главен јапонски остров Хокаидо.

Јапонија веќе е во состојба на тревога за голем земјотрес по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што во четвртокот го погоди југозападниот дел на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK