Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Токио, еден ден по предупредувањето за мегаземјотрес

983328e7-0c20-4ffc-afb2-706e50adce8e.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,3 степени денеска го погоди Токио и околината, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, еден ден откако јапонската влада го издаде своето прво предупредување дека постои ризик од мегаземјотрес на јапонскиот брег на Тихиот Океан. Иако штетите во областите најблиску до епицентарот не беа веднаш познати, премиерот Фумио Кишида рече дека владата не добила извештаи за големи штети.



Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Канагава на длабочина од 10 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Канагава не се наоѓа во процепот Нанкаи наведен во вчерашното предупредување за голем земјотрес со јачина од 8 или поголема. Владата денеска издаде и предупредување за земјотрес за главниот град и префектурите Канагава, Саитама, Јаманаши и Шизуока, без предупредување за цунами.

Набргу потоа, земјотрес го погоди Токио. Градското метро накратко го запре сообраќајот на најмалку една линија, но сообраќајот набрзо продолжи. Сè уште не е познато дали има штета во најтешко погодените области како што е западниот дел на префектурата Канагава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK