Земјотрес од пет степени во турскиот регион Кахраманмараш

zemjotres_34535345444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри.


Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари годинава, со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите, а околу 115.000 беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK