Зеленски за нападите врз руски рафинерии: Тоа е завршена приказна


Depositphotos_756919190_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во интервју за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times).


„Ограничувањето за напади врз рафинериите повеќе не важи. Тоа е завршена приказна“, рече Зеленски.

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин, објави „Фајненшл тајмс“.

Во саботата, Трамп повика Украина да го замени Зеленски и остро ги критикуваше украинските напади врз руската нафтена инфраструктура. Тој го стори тоа еден ден откако објави договор со Русија за снабдување со дизел гориво, со цел да се ублажи притисокот врз цените на горивото – кои пораснаа откако во февруари започна војната на САД и Израел против Иран.

Украина ги имаше запрено нападите врз руските рафинерии за нафта и другата енергетска инфраструктура во траење од два дена, по најавата на Трамп за договор за „енергетско примирје“, изјави Зеленски претходно оваа недела.

И покрај паузата во украинските напади, Зеленски за „Фајненшл тајмс“ рече дека на украинските сили им снемало американски системи за рано предупредување за доаѓачки балистички ракети.

Во исто време, сателитската комуникациска услуга „Старлинк“ (Starlink), во сопственост на Илон Маск, забави низ целата земја, попречувајќи ги операциите на бојното поле и нападите со среден дострел врз руски воени цели.

„Украинските воени претставници добиле предупредување од нивните американски колеги дека, доколку не ги запрат нападите врз енергетската инфраструктура, ќе бидат исклучени од пристапот до разузнавачки податоци“, рече Зеленски.

Тој додаде дека подоцна на Киев му било кажано оти проблемот е од техничка природа. Тој ја отфрли можноста тешкотиите со сателитскиот систем „Старлинк“ да биле резултат на технички дефект.

„Не стануваше збор за технички проблем, туку за прашање на волја“, изјави Зеленски за „Фајненшал тајмс“.

На прашањето дали Украина би се согласила да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура за да ги поправи односите со Белата куќа, Зеленски одговори дека би можел да се согласи на тоа само во замена за дополнителни американски ракети-пресретнувачи за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Тој ја опиша таквата испорака како „минимум“ што би бил прифатлив за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK