Зеленски: Војната на Блискиот Исток може да ја намали поддршката за Украина


Depositphotos_756919190_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се одолговлечи, што може да доведе до тоа сојузниците на Киев да ѝ посветат помалку внимание на Украина и да ги намалат испораките на системи за противвоздушна одбрана.


Тој ова го изјави на прес-конференција во Киев со холандскиот премиер Роб Јетен, пренесува „Украинска правда“.

„Се надевам дека војната на Блискиот Исток нема да трае долго, не само затоа што сум загрижен за Украина, туку и затоа што секој изгубен или уништен човечки живот е трагедија. Во меѓувреме, не гледаме напредок во мировните преговори. Ако траен мир или прекин на огнот не се постигнат во првите денови од конфликтот, постои голем ризик тој да се одолговлечи“, изјави Зеленски.

Тој предупреди дека тоа директно ќе влијае врз ситуацијата во Украина.

„Тоа сигурно ќе влијае на ситуацијата во Украина. Помал фокус значи помалку поддршка. Помалку поддршка значи помалку противвоздушна одбрана“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател исто така изјави дека Русија му помага на иранскиот режим.

„Русија му обезбедува помош на иранскиот режим. Знаеме што досега е испорачано, иако точниот обем на таа помош не е целосно познат. Добра работа е што изгледа дека иранскиот режим не е во состојба да ѝ обезбеди на Русија ракети и некои други оружја што ги користи во нападите врз Украина“, рече Зеленски.

Тој најави и дека експерти за пресретнување дронови следната недела ќе пристигнат на Блискиот Исток.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK