Зеленски: Украина разви оружје со долг дострел и веќе напаѓа во Русија

zelenski_34545434345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина развила оружје со долг дострел, еден ден по нападот длабоко во Русија.







Зеленски на Телеграм објави дека оружјето е произведено од Министерството за стратешки индустрии на Украина, но не даде детали за тоа.

Во средата, четиричасовен бран беспилотни летала за кои Москва ја обвини Украина удри аеродром во близина на границите на Русија со Естонија и Латвија, наводно оштетувајќи четири воени транспортни авиони Ил-76.

Тој аеродром е во руската област Псков, на околу 700 километри северно од украинската граница.

Претставниците на Киев обично ниту ги потврдуваат, ниту ги негираат нападите на руска територија. Денешното соопштение на Зеленски е најјасно навестување дека Украина го изврши нападот.

Со нападот беше затворен аеродромот Псков, кој повторно беше отворен во четвртокот, соопштија руските власти.

Украинските напади со беспилотни летала длабоко во Русија и прекуграничните диверзантски мисии се дел од напорите на Киев да изврши воен и политички притисок врз Кремљ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK