Зеленски: Украина ќе помогне со сите напори за стабилизирање на Сирија

zelenski2-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина се подготвува да ги обнови дипломатските односи со Сирија.


„Се подготвуваме да ги обновиме дипломатските односи со Сирија и соработката во меѓународните организации“, рече Зеленски откако го слушна извештајот на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој во понеделникот ја посети Сирија.

Резултатите од преговорите во Дамаск се безбедносни и економски перспективи, рече Зеленски, додавајќи дека Украина ќе  помогне со сите напори за стабилизирање на Сирија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK