Зеленски: Украина го зголемува производството на дронови и се што е потребно на бојното поле

677z381_12290882-zelenski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина го зголемува производството на беспилотни летала, оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и се што е потребно на фронтот.


„Украина го зголемува производството на беспилотни летала, одредени видови оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и многу други основни предмети – се што е потребно на првите линии за да се спасат животите на нашиот народ со моќта на технологијата“, напиша Зеленски на каналот на Телеграм пренесува Ukrinform.

Според него, оваа војна покажува дека технологијата на бојното поле е ефикасна одбрана од агресија во современиот свет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK