Зеленски тврди дека украинската армија заробила двајца севернокорејски војници во Русија

Screenshot-2025-01-11-150101.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека армијата на земјата заробила двајца севернокорејски војници во областа Курск во Русија.


Како што јави Ројтерс, Зеленски рече дека заробените севернокорејски војници комуницираат со Службата за безбедност на Украина.

„Како и на сите воени заробеници, така и на овие двајца севернокорејски војници им е пружена потребната медицинска помош“, напиша Зеленски во објавата на платформата Х.

„Ова не беше лесна задача: руските сили и другиот севернокорејски воен персонал рутински ги егзекутираат своите ранети за да ги избришат сите докази за вмешаноста на Северна Кореја во војната против Украина“, додаде тој.

Во декември минатата година, Зеленски рече дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници биле убиени или ранети во борбите против украинските сили во руската област Курск.

Според Украина и САД, Пјонгјанг испратил илјадници војници во Русија за да ја засили руската армија во нејзината војна со Украина, а некои од нив биле распоредени во Курск, каде што украинските трупи ненадејно извршиле инвазија во август и зазеле дел од територијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK