Зеленски свика вонредна седница на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана по уривањето на браната Нова Какховка

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми.

„Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.


Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK