Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“


zelenski-samit.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската унија за силната поддршка што и ја дадоа на неговата земја.


„Во текот на целиот овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.

„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.

Претседателот напомена и дека европските лидери испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK