Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва

zelenski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА.


-На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај на војната и да се постигне мир, рече Зеленски денеска непосредно пред делегациите да почнат да разговараат на оваа тема.

Меѓутоа, швајцарската претседателка Виола Амхерд нема толку големи очекувања, забележува ДПА.

-Нашите цели се скромни, рече таа, објаснувајќи дека целта на конференцијата е да се поттикне почеток на процес за постигнување траен и праведен мир.

Важноста на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок е клучна за ова, рече Амхерд.

-Нападот на Русија го нарушува тоа на најнагласен начин, рече Амхерд.

Русија не беше поканета да учествува на конференцијата, а не учествува ниту Кина, важен сојузник на Москва.

На средбата станало збор и за добивање на најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план, кој предвидува целосно повлекување на Русија од украинска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK