Руски проектил погодил цивилен брод кој превезувал жито од Украина, кој веќе ги напуштил украинските води во Црното Море, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека бродот бил на пат кон Египет, објави Ројтерс.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека рускиот напад на брод што превезувал жито во Црното Море е „безобразен напад“ врз слободата на пловидба и глобалната безбедност на храната.