Зеленски пристигна во Париз, на разговори со Макрон


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Париз на средба со својот француски колега Емануел Макрон. Пристигнувањето на Зеленски го потврди неговиот портпарол Сергеј Никифоров за украинскиот јавен сервис „Суспилне“, објави „Украинска правда“.


Според извештајот на француската телевизиска станица BFMTV, средбата се одржува во Елисејската палата. Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за моменталната ситуација во Украина, поддршката на Франција и европските партнери за одбраната на Украина и начините за зголемување на притисокот врз Русија, вклучително и борбата против нејзината таканаречена флота во сенка.

Во соопштението на Елисејската палата се вели дека разговорите ќе ги опфатат „условите за праведен и траен мир и ќе ги разгледаат обврските преземени во рамките на Коалицијата на оние што се подготвени за безбедносни гаранции“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK