Зеленски пристигна во Букурешт: „Романија е пријател кој ни помогна во најтешките денови“

Зеленски-пристигна-во-Букурешт-„Романија-е-пријател-кој-ни-помогна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека пристигнал во Букурешт, каде што ќе разговара со неговиот романски колега Клаус Јоханис, со цел зајакнување на „добрососедските односи“.


„Украина е благодарна за поддршката на Романија, која ја зајакнува нашата земја. Ние сме благодарни и за конструктивната солидарност, која им овозможува на нашите нации да бидат гарант за безбедноста во светот, особено во областа на снабдувањето со храна. Ние веќе изградивме и проширена соработка која ја одржува стабилноста за многу земји“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој посочи и дека ќе се разговара за понатамошна безбедносна соработка, развој на авијацијата и други коалиции, кои ќе ја зајакнат украинската воздушна одбрана, безбедноста на црноморската архитектура, како и односите со партнерите.

„Романија е пријател кој ни помогна во најтешките денови и чија поддршка со текот на времето расте. Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата народа“, рече Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK