Рускиот напад го погоди срцето на Суми, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до нацијата вечерва.
Тој додаде дека меѓу ранетите во рускиот напад има и девојче кое е родено оваа година. Тој нагласи дека таа била ранета во вториот од двата руски напади на Суми.
Во рускиот напад на Суми загинаа две деца, а останатите 15 се повредени, според последните информации.
„Вакво нешто би можел да направи само некој целосно пореметен“, заклучил украинскиот претседател.