Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за „АФП“ висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.



„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета, рече тој функционер кој сакаше да остане неименуван.

Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.

Кремљ се уште не објави никакви информации за содржината на нивните приватни разговори. Пред средбата, Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за „праведен мир“ во Украина. Уште пред разговорите Путин-Гутереш, Киев го критикуваше „погрешниот избор“ на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го нарушило угледот на ОН“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK