Зеленски од Вилнус: Украинското членство ќе го направи НАТО посилно

zelenski nato
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, веднаш по пристигнувањето во Вилнус, каде се одржува самитот на НАТО, на кој неговата земја доби цврсто ветување дека во иднина ќе стане членка на Алијансата,  попладнево зборуваше пред мноштво луѓе во главниот град на Литванија на церемонија на кревање на украинското знаме.

-Членството на Украина ќе го направи НАТО посилен, изјави Зеленски во Вилнус, кој денеска и утре е домаќин на шефовите на држави и влади на 31 земја членка на Алијансата.


„НАТО ќе ја осигура безбедноста на Украина. Украина ќе го направи НАТО посилен“, рече Зеленски, кој заедно со неговиот литвански колега Гитанас Науседа, присуствуваа на церемонијата на кревање на украинското знаме донесено од Бахмут. Овој град беше предмет на долга опсада и епицентар на борбите со руската војска во источна Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK