Зеленски од Германија заминува за Париз

zelenski 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ќе отпатува од Германија за Париз, соопшти Елисејската палата, потврдувајќи го претходно ненајавеното патување во Франција.

Украинскиот лидер ќе биде примен на вечера од францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти претседателскиот кабинет, не наведувајќи точно време на средбата.


На своето последно патување надвор од Украина Зеленски ги посети Рим, Берлин и западниот германски град Ахен, на помалку од 400 километри североисточно од Париз, каде ја доби престижната награда Карло Велики.

Според Елисејската палата, разговорите меѓу Макрон и Зеленски ќе се фокусираат на тековната воена и хуманитарна поддршка за Украина за одбрана од руската инвазија. Долгорочната перспектива за враќање на мирот во Европа, исто така, веројатно ќе биде тема, пренесе ДПА.

Ова ќе биде втора посета на украинскиот лидер на Париз од почетокот на руската инвазија минатата година, по средбата со Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во францускиот главен град во февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK