Зеленски: „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“

Зеленски-„Не-смееме-да-дозволиме-Западот-да-заборави-на-војната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија е во нова фаза, а зимата се очекува да ги комплицира борбите по летната контраофанзива, која не ги доби посакуваните резултати. Сепак, и покрај неуспесите, тој рече дека Украина нема да се откаже.

„Имаме нова фаза од војната и тоа е факт“, рече Зеленски во интервју за „Асошиетед прес“ во Харков, североисточна Украина. „Зимата како целина е нова фаза од војната“, додаде тој.

На прашањето дали е задоволен од резултатите на контраофанзивата, тој одговори: „Видете, не се откажуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра војска во светот“. Потоа додаде: „Губиме луѓе, не сум задоволен. Не го добивме целото оружје што го сакавме, не можам да бидам задоволен, но не можам премногу да се жалам“. Зеленски, исто така, рече дека стравува дека војната меѓу Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина бидејќи „го загрозува протокот на западна воена помош за Киев“.

Украина не го доби целото потребно оружје од сојузниците, рече тој. „Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток“, рече тој. „Само слепите не го гледаат тоа“, вели тој. „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“, вели тој.

Таа промена на фокусот може да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја, рече тој. Во обид да ги смират тие стравови, американските и европските претставници продолжија да го посетуваат Киев по нападите во Израел на 7 октомври.

Неодамнешната анкета на АП во САД покажа дека речиси половина од Американците мислат дека се троши премногу за Украина. Се поголем број републиканци не се за испраќање поголема помош и не е јасно дали и кога барањето на Белата куќа за поголема помош ќе биде одобрено од Конгресот, пренесува медиумот.

На прашањето за ова, Зеленски тврди дека Американците, помагајќи и на Украина, си помагаат и самите себеси.

„Во случајот со Украина, ако отпорноста пропадне денес поради недостаток на помош и недостаток на оружје и финансиски средства, тоа ќе значи дека Русија најверојатно ќе ги нападне земјите на НАТО“, рече тој. „И тогаш децата на Америка ќе се борат“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK