Зеленски: На Украина и требаат резултати секој ден

Зеленски-На-Украина-и-требаат-резултати-секој-ден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја истакна важноста од ослободување на украинските територии под руска окупација.


„На Украина и требаат резултати секој ден. Постојаниот напредок на бојното поле е важен. Дури и само еден километар или 500 метри, но секој ден ги подобруваме украинските позиции за да извршиме притисок врз окупаторите“, рече Зеленски во вечерното обраќање.

Борбите за Авдијивка и Марјинка во близина на источниот град Доњецк во моментов се особено тешки. Според украинскиот Генералштаб, повеќе од 20 руски напади биле одбиени во секој од овие сектори на фронтот. Украина веќе 20 месеци се брани од руската агресија.

Зеленски рече дека имал телефонски разговор со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани. Тие разговараа за улогата на Катар во посредувањето за ослободување на Украинците држени во заробеништво од Русија.

Претходно оваа недела, четири украински деца и млади се вратија во Украина од Русија по посредство на Катар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK