На светот му е потребна гаранција дека Русија повеќе нема да може да им носи уништување на другите народи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.
„Безбедносните гаранции се она што го обединува огромното мнозинство. На Европа, Америка и на сите наши партнери во светот им треба заедничко разбирање за тоа како да се осигураат дека Путин никогаш повеќе не може да измами никого и дека Русија повеќе не може да носи смрт на другите народи – од Украина и Европа до Сирија, Блискиот Исток и Африка“, нагласи Зеленски.
Според Укринформ, Зеленски додаде дека во изминатите 30 години, светот бил сведок на уништување и смрт премногу пати, а Русија стои зад тоа – преку својата армија, разузнавачки служби и платеници.
„На светот му требаат гаранции – и јас сум благодарен на сите што го поддржуваат овој напор“, нагласи Зеленски.