Зеленски им се заблагодари на САД откако најавија помош за Киев од околу осум милијарди долари

677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_zelenski-mase-66f18c6bd6ba6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден, откако беше најавено дека САД ќе испратат воена помош на Киев во вредност од речиси осум милијарди долари и ќе воведат нови санкции против Русија.


„Во име на украинскиот народ и нашите храбри воини на фронтот, му благодарам на нашиот најблизок сојузник, Соединетите Американски Држави, што најде начин да ја отстапи преостанатата безбедносна помош за Украина и да обезбеди претседателските овластувања да траат до крајот на фискалната година во САД“, напиша Зеленски на својата сметка на мрежата Х.

Тој посочи дека Киев ќе ја искористи новата американска помош за на најефикасен начин да ги постигне главните цели, односно победата на Украина, праведен и траен мир, како и трансатлантска безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK