Зеленски: Ги зацврстивме нашите позиции во Курск, jа прошируваме територијата

677z381_677z381_677z381_zelenski-6629485f96ad0-66307a37d280c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите војници ги зајакнале позициите и ја прошириле територијата под нивна контрола во руската област Курск речиси две недели по почетокот на офанзивата.


Украина тврди дека освоила повеќе од 80 населби на повеќе од 1.150 квадратни километри во областа Курск од 6 август, кога ја започна својата офанзива.

Зеленски рече дека врховниот командант на армијата Олександр Сирски известил дека украинските трупи продолжуваат да напредуваат и дека заробиле повеќе руски војници во процесот.

„Генералот Сирски извести и за зајакнувањето на позициите на нашите сили во Курската област и проширувањето на стабилизираната територија“, додаде тој.

Украинската армија во својот дневен извештај наведува дека војниците успешно напредуваат во Курск без да даде дополнителни детали.

Претходно украинската армија објави дека напреднала 35 километри. Ројтерс не можеше самостојно да ги потврди случувањата на бојното поле. Русија го нарече напредувањето во Курск голема провокација и вети „достоен одговор“.

Москва тврди дека Украина користи западно оружје, вклучувајќи го и американскиот артилериски систем ХИМАРС што се користеше за уништување на мостот, при што загинале и доброволци кои се обидувале да евакуираат цивили. Зеленски, исто така, рече дека украинските војници одбиле десетици руски напади во близина на Покровское и Торецк во украинската област Доњецк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK