Зеленски ги критикуваше светските лидери: Разочаран сум што не доаѓаат

zelenski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да учествуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија.


Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател, Џо Бајден.

„Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит“, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД.

Зеленски денеска имаше „многу добар“ состанок со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Сингапур, бидејќи тој се обидува да добие силна поддршка од Западот наспроти рускиот напредок на теренот.

Кина одби да дојде бидејќи Русија не беше поканета

Повеќе од сто земји и организации ветија дека ќе учествуваат на самитот во јуни во Швајцарија, рече Зеленски и ги покани земјите од азиско-пацифичкиот регион да се приклучат.

Кина во петокот рече дека ќе биде „тешко“ да се учествува на овој самит доколку Русија не биде поканета.

Средбата меѓу Зеленски и Остин дојде откако украинскиот претседател во петокот го пофали „напредокот“ откако САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија, под одредени услови.

Украина се бори да ја запре копнената офанзива на Русија во регионот Харков, каде Москва неодамна го направи најголемиот територијален напредок во последните 18 месеци.

Во последните денови Зеленски посети неколку европски земји со цел да побара поголема воена помош за украинската армија, која се повеќе се бори да се спротивстави на континуираните напади на Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK