Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на недостатокот на транзит на гас од Русија, но дека Братислава ја одбила.
„Добро е што словачкиот премиер Фицо конечно се врати од својот одмор во луксузен хотел во Виетнам и сега е во Братислава. За него, лично, тоа мора да биде предизвик – да се префрли од луксузен живот во обид да ги поправи сопствените грешки“ напиша Зеленски на Икс.
It’s good that Slovakia’s Prime Minister Fico has finally returned from his vacation at a luxurious hotel in Vietnam and is now in Bratislava. For him, personally, it must be challenging—switching from living in luxury to now trying to fix his own mistakes. It was an obvious…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025
Тој тврди дека било јасна грешка Фицо да се надева дека неговите тајни планови со Москва ќе продолжат на неодредено време. „Ние ја понудивме нашата помош на народот на Словачка за време на нивното прилагодување кон отсуството на транзит на гас, но Фицо арогантно одби“, истакна Зеленски.
„Вистинскиот проблем е што тој се обложи на Москва, не на сопствената земја, не на обединета Европа, а особено не на здравиот разум. Од самиот почеток тоа беше губитнички облог“, порача Зеленски.
Тој изрази надеж дека понатамошната диверзификација на енергетските извори во Европа, соработката со Европската комисија и спроведувањето на политиката на Трамп за зголемување на снабдувањето со американски гас на континентот ќе помогнат во решавањето на предизвиците.
Словачкиот премиер Роберт Фицо минатата недела објави дека обезбедил снабдување со гас за Словачка за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, пред Украина да го прекине транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година.