Зеленски до Американците: Ние си ја работиме работата и потоа добиваме 10 отсто од целиот пакет помош

zelenski-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина доби само десет отсто од американската воена помош одобрена од Конгресот претходно оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеото објавено денеска.


„Ти си ја работиш својата работа. Сметаш на резерви, сметаш на специјални бригади, сметаш на таква опрема. И тогаш добиваш десет проценти од целиот пакет, веќе изгласан… Тоа не е смешно“, рече Зеленски на Телеграм.

Американскиот пакет помош во износ од 61 милијарда долари, кој републиканците во Конгресот го одложуваат од декември минатата година, конечно беше одобрен во април. Зеленски додаде дека бавната испорака на оружје не е прашање на финансирање.

„Секогаш е прашање на бирократија или логистика, идеи или скептицизам… Ова ќе ви го дадеме, ова не“, рече тој.

Додаде дека членките на НАТО се обврзале да достават шест или седум системи за противвоздушна одбрана на Украина до почетокот на септември. Украина се’ повеќе се потпира на овие системи за да ги одбие руските напади од долг дострел, но Киев сè уште не ги добил сите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK