Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува и тој утре ќе биде отпуштен од болница

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болницата „Џемели“ во Рим, откако минатата недела му беше извршена абдоминална операција за отстранување хернија предизвикана од операција во 2021 година, соопшти прес-службата на Ватикан, цитирана од италијанските медиуми.

„Здравствениот тим кој ја следи состојбата на папата Франциско го потврди отпуштањето на Светиот Отец од општата болница „Агостино Џемели“ утре наутро, петок, 16 јуни“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.


Прес-службата на Ватикан вчера соопшти дека клиничкото лекување на папата се одвива нормално по неговата операција минатата среда и дека медицинскиот персонал планира да го отпушти во следните неколку дена.

Папата Франциск претходно денеска ги посети пациентите на одделението за педијатриска онкологија во болницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK