– Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на седумдневно хуманитарно примирје и прекин на огнот, јавија светските агенции, повикувајќи се на два неименувани извори вклучени во преговорите.
Договорот за примирје, како што посочуваат изворите, ќе стапи во сила 48 часа по потпишувањето.
Завојуваните страни не ги почитуваа претходно договорените прекини на огнот.