Затворањето на воздушниот простор во Судан поради конфликтот продолжено до 15 август

sudan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Суданската управа за цивилна авијација го продолжи затворањето на воздушниот простор на земјата поради конфликтот до 15 август, јавија британските медиуми.

Исклучок ќе биде направен за летовите со хуманитарна помош и за евакуација, се наведува во соопштението на меѓународниот аеродром во главниот град Картум, објавено рано утринава.


Воздушниот простор на Судан беше затворен за редовен сообраќај откако во земјата во средината на април избувна воен конфликт меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK