Засега не се знае каде е Башар ал-Асад

Asad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати рече дека не знаат дали сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал во нивната земја.


Запрашан дали Асад сега е во ОАЕ, дипломатскиот советник на претседателот Анвар Гаргаш им рече на новинарите: „Не знам“. Тој истакна дека Асад претходно не ја користел „сламката за спас“ што му ја понудиле различни арапски земји, вклучително и ОАЕ.

Гаргаш изјави дека треба да почека и да види што ќе се случи следно во Сирија, но ОАЕ се надеваат на „крај на насилството и хаосот“.

„Решението е кредибилна национална држава“, рече тој, додавајќи дека главната грижа на ОАЕ се екстремизмот и тероризмот.

„Ројтерс“ јавува дека во моментот кога бунтовниците го окупирале главниот град, од аеродромот полетал патнички авион чиј транспондер престанал да емитува сигнал веднаш по полетувањето.

Не се знае кој бил во авионот, ниту што се случило со него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK