Започнува судењето на Ле Пен и десничарите, се сомничи дека украле 7 милиони евра

le-pen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред судот во Париз денеска почнува судењето на Марин Ле Пен и другите француски десничари под обвинение за незаконско земање финансиски средства за лажни вработени во Европскиот парламент.


Покрај долгогодишниот лидер на Националниот фронт Ле Пен, еден од 28-те обвинети за проневера е и нејзиниот татко и основач на партијата Жан Мари Ле Пен.

Од самиот почеток, Марин Ле Пен ги негираше наводите за проневера кои се однесуваат на периодот меѓу 2004 и 2016 година.

Според неа, станува збор за „политички прогон“, додека од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека им е уништен угледот.

На обвинетите им се суди за евентуално измамно вработување на асистенти на неколку француски пратеници во Европскиот парламент.

Според обвинителството, Ле Пен и нејзините колеги од партиите „Национален фронт“ и „Национален собир“ користеле пари наменети за плаќање помошници на пратениците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои извршувале работа за партијата во Франција.

Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки.

Исто така, доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK