Руските цариници заплениле 100 килограми кокаин во контејнери со банани кои од Белгија по морски пат пристигнале во Санкт Петербург.
Царинските службеници пронајдоа 100 идентични пакетчиња завиткани во кафеав целофан, а при преглед на содржината на пакувањата е утврдено дека запленетата супстанца е кокаин, пренесува РИА Новости.
Отворена е истрага за две кривични дела за криумчарење дрога од особено големи размери, а по осомничените се трага.