Запален е еврејскиот дел од гробиштата во Виена,а нацртани се и кукасти крстови, изјави лидерот на еврејската заедница во тој град Оскар Дојч.
„Во текот на ноќта беше опожарен еврејскиот дел од централните гробишта. Уништени се делови од нив, но нема повреди. Полицијата и пожарникарите ги утврдуваат околностите на пожарот“, напиша Дојч на социјалните мрежи, осврнувајќи се на инцидентот што се случи ноќта меѓу вторникот и средата.
Фотографиите што ги сподели покажуваат јагленисани остатоци и „свастики“ нацртани со флуоресцентна боја на надворешниот ѕид.
In der Nacht wurde am jüdischen Teil des Zentralfriedhofs (IV. Tor) ein Brand gelegt. Der Vorraum der Zeremonienhalle ist ausgebrannt. An Außenmauern wurden Hakenkreuze gesprayt. Personen kamen nicht zu Schaden. Feuerwehr und Polizei ermitteln. pic.twitter.com/LLvCrrXIge
— Oskar Deutsch (@DeutschOskar) November 1, 2023
Од виенската полиција потврдија дека истрагата е во тек, а истата ја води австриската канцеларија за заштита на Уставот.
Иако надлежните најавија дека причините за пожарот не се прецизно дефинирани, локалните медиуми јавуваат дека се претпоставува дека станува збор за подметнување пожар.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер „остро“ го осуди инцидентот, велејќи дека на антисемитизмот нема место во австриското општество и дека државата ќе се бори против него со сите политички и правни средства.
Тој изрази надеж дека сторителите брзо ќе бидат откриени и казнети.