Запалена гласачка кутија во САД: ФБИ го истражува случајот

2117635.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гласачка кутија во сојузната држава Вашингтон пред претседателските и конгресните избори во САД, изгоре денеска во сомнителен подметнат пожар што го истражува ФБИ, соопшти локалната полиција.


Снимките од локалната телевизиска станица КАТУ покажуваат како избива чад од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не била испразнета од неделата во 08:00 часот по локално време, па стотици гласачки ливчиња биле уништени, а само неколку од нив можеле да се спасат, објави телевизијата, повикувајќи се на локалните власти.

Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителен уред“ што бил до кутијата.

Кутијата се наоѓаше во 3-та област на сојузната држава Вашингтон, местото на една од најнеизвесните битки за Претставничкиот дом на Конгресот, во која се натпреваруваат демократската претставничка Мари Глузенкамп Перез и републиканскиот противник Џо Кент, пренесуваат тамошните медиуми.

Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии. Полицијата во Портланд, Орегон утринава добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија. Во четвртокот во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче и изгорени 20 гласачки ливчиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK