Запален танкер во Северното Море, погоден од контејнерски брод


zapalen-tanker-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Tанкер со нафта и товарен брод утрово се судрија во Северното Море, при што танкерот избувна во пламен.


Несреќата се случила во близина на брегот на Источен Јоркшир, а алармот бил вклучен во 9:48 часот по локално време.

Крајбрежната стража веднаш почна голема спасувачка операција со чамци и хеликоптер. Покрај нив, на местото на судирот биле испратени и авион на крајбрежната стража и блиски бродови.

Крајбрежната стража во соопштение за печатот соопшти дека „инцидентот се уште трае“. Според неофицијални информации, контејнерскиот брод МВ Солонг удрил во нафтениот танкер МВ Стена Имакул, кој бил закотвен.

Според информациите кои ги објави Би-Би-Си, танкерот е во пламен. Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, додека спасувачите ја координираат операцијата на лице место.

Засега нема информации за жртви или евентуално загадување на морето.

(Фото: илустрација)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK