Западните сојузници да испратат оружје со поголем дострел, повика Зеленски

zelenski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш итно го повика Западот да и обезбеди на Украина оружје со поголем дострел поради напредувањето на неговите војници во руската област Курск, јави ДПА.


-Способноста на украинските вооружени сили да користат такво оружје против Русија е најважното стратешко прашање на оваа војна, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Според него, во моментов недостасуваат неопходните решенија од страната на западните сојузници. Тој го наведе примерот на Британија, за која рече дека станала побавна во делувањето.

-И ние би можеле ефикасно да ја одземеме секоја можност за окупаторот да напредува и да нанесе штета доколку нашите можности за удар на долг дострел беа доволни. Светот виде колку ефикасно Украина ја брани својата независност и ѝ треба дополнителна помош, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател повторно спомна разговор со врховниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, кој го информираше за натамошен напредок во руската област Курск.

-Операцијата се развива точно како што очекувавме. Храброста на Украинците постигнува голем успех. Сега ги зајакнуваме нашите позиции, рече Зеленски.

 

Зеленски има намера преку офанзивата започната на 6 август да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на непријателствата преку преговори, посочува ДПА. Од руска перспектива, сепак, овие преговори изгледаат сè поневеројатни поради украинската офанзива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK