За да ја принуди Русија да преговара според моделот на Киев, НАТО планира да испрати војници во Украина, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Александар Фомин.
Во обраќањето на тридневниот безбедносен форум Ксианшан одржан во Пекинг, тој рече дека на Киев му се обезбедува сеопфатна воена помош и поддршка за напади на руска територија, со цел да се обезбедат услови за насилно принудување на Москва да преговара според украинските формули.
Фомин исто така рече дека од истата причина НАТО прави планови да испрати свои војници во Украина и дека тоа е „опасна игра што може да доведе до директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили“, пренесува ТАСС.