Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, пренесува РИА.
Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.