Захарова: НАТО ќе го користи Зеленски како „топче за пинг-понг“


13515996.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека земјите-членки на НАТО ќе го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за свои цели, „како топче за пинг-понг“, на самитот во Анкара.


„Тие ќе се ракуваат едни со други. Ќе го фрлаат Зеленски како топче за пинг-понг со каки боја, користејќи го за свои интереси. Сè е како и обично“, изјави Захарова за радио Спутник, коментирајќи ја улогата на украинскиот лидер на состанокот на членовите на Алијансата.

Таа, исто така, процени дека западните земји ќе го дискутираат прашањето за „тероризмот поврзан со Киев“ зад затворени врати, тврдејќи дека, како што изјави, „терористичкото чудовиште кое го негуваше колективниот Запад сега се сврте против него“.

„Оние кои ги хранеа со своја рака сега не можат да ја видат таа рака, бидејќи беше касната, а дел од неа веќе е откинат“, рече Захарова, цитирана од Танјуг.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK