Захарова најави реципрочна мерка: Русија воведува визи за граѓаните на Црна Гора


crnagora-zname-Depositphotos_76484601_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граѓаните на Црна Гора ќе треба да имаат визи за влез во Русија поради одлуката на Подгорица да го укине безвизниот режим за руските граѓани, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.


„Следствено, црногорските граѓани исто така ќе мора да добијат визи за патување во Русија. Оваа одлука на Подгорица очигледно им штети на црногорските интереси“, изјави Захарова за весникот „Известија“, коментирајќи го воведувањето на визен режим за Русите почнувајќи од 1 ноември.

Како што оцени, „во име на европските надежи, долгогодишните достигнувања во руско-црногорските односи постојано се уништуваат, а не се посветува должно внимание на економските последици од ваквите чекори“.

Според неа, новите мерки на Подгорица ќе го намалат туристичкиот тек од Русија, ќе им наштетат на црногорските компании и ќе доведат до влошување на инвестициската клима во земјата.

„Во исто време, се разбира, бесмислено е црногорските власти да очекуваат надомест од Брисел за неизбежните загуби“, додаде таа.

Захарова рече дека процесот на интеграција во ЕУ, кој ја охрабри Црна Гора да воведе визи за Русите, „во никој случај не подразбира можност новите членки да задржат неутрален статус“.

„Се надеваме дека земјите од Западен Балкан ќе ги видат овие промени во ЕУ, ќе ги анализираат и јасно ќе ги разберат последиците од европската интеграција за сопствените национални интереси и благосостојбата на своите граѓани“, заклучи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, цитирана од Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK