Захарова: Изјавите на Трамп за прекин на конфликтот мора да бидат проследени со конкретни чекори

Zaharova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска кажа дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори.


Захарова за телевизијата „Русија 24“ изјави дека изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни активности на кои ќе се фокусираат сите страни.
Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесе РИА Новости.

Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не започнува војни, туку да ги прекине.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп моментално води против кандидатот на Демократската партија Камала Харис на претседателските избори во САД, а според последните проекции на АП, Трамп добил 267 електорски гласови, додека Харис собрала 224.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK