Загадениот воздух во Холандија го чини здравствениот систем околу 18 милијарди евра годишно

holandija-zagaduvanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Холандија загадениот воздух предизвикува трошоци за лекување на здравствените проблеми во износ од околу 18 милијарди евра годишно, а најголемо загадување предизвикува земјоделството, покажуваат резултатите од истражувањето за емисијата на 15 штетни материи. Истражувањето е спроведено врз основа на методот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објави „NL Times“.


Земјоделскиот сектор, особено сточарството, најмногу го загадува воздухот во Холандија. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што лекувањето на последиците од ова загадување чини три милијарди евра годишно.

Сообраќајот и транспортниот сектор предизвикуваат штета на здравствениот систем на Холандија од околу 5,3 милијарди евра со емисија на загадувачки материи, додека индустријата, енергетиката и рафинериите заедно предизвикуваат штета од 3,1 милијарди евра, пренесува Танјуг.

Институтот за јавно здравје РИВМ наведува дека загадениот воздух го зголемува ризикот од астма, срцеви проблеми, висок крвен притисок и предвремено породување. РИВМ истакнува дека околу 11.000 Холанѓани умираат во просек осум месеци порано секоја година поради последиците од дишењето загаден воздух.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK