Заедничка воена вежба на Русија и Кина во Берингово Море

voena-vezba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија и Кина денеска во Берингово Море одржуваат заедничка воена вежба, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Екипажите на воените бродови работеа на тактичко маневрирање, изведуваа вежби за комуникација и вежбаа слетување и полетување хеликоптери од палубите на бродовите. Бродовите на руската и кинеската морнарица разработија пребарување и уништување на лажна непријателска подморница, се наведува во соопштението.


Западните земји изразија загриженост поради сè поблиските односи меѓу Кина и Русија. Кина дури е и обвинета за тајно снабдување со оружје на Москва, но тоа во неколку наврати го негираше и продолжува да се претставува како неутрална страна во однос на војната во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK