За време на напад загинаа 13 членови на семејството на 18-годишна Палестинка: Ова е ноќна мора

За-време-на-напад-загинаа-13-членови-на-семејството-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога израелската армија им кажа на Палестинците во бегалскиот камп во Газа да избегаат на југ бидејќи таму е побезбедно, семејството на 18-годишната Дима Ал-Ламдани се надеваше дека ќе можат да ги избегнат немилосрдните воздушни напади. Но, Ламдани мораше да ги идентификува телата на нејзините роднини неколку дена подоцна во импровизирана мртовечница во јужниот град Кан Јунис. Таа рече дека за време на израелскиот напад ги изгубила родителите, седумте браќа и сестри и четири члена од семејството на нејзиниот вујко.


„Ни рекоа да се евакуираме и да одиме во Кан Јунис бидејќи таму е безбедно. Не измамија и не бомбардираа“, рече таа. Семејството на Ламдана и семејството на нејзиниот вујко патувале со два автомобили низ Газа до засолништето во Кан Јунис. Мислеа дека ќе бидат безбедни во засолништето. „Во 4:30 наутро бев будна, седев со тетка ми и пиев кафе. Одеднаш се разбудив среде урнатините. Сите околу мене врескаа”, рече 18-годишната девојка, пренесува Ројтерс.

По посетата на мртовечницата на 17 октомври, Ламдани сфатила дека само еден од нејзините браќа и двајца помлади роднини го преживеале нападот: „Ова е кошмар. Ова никогаш нема да го заборавам. Имав 16-годишна сестра. Ја завиткале во бело платно и го напишале моето име. Мислеа дека сум јас“.

Портпаролот на израелската армија изјави дека им порачале на граѓаните да се движат појужно и да не се задржуваат во близина на терористичките цели на Хамас.

„Но, Хамас се зацврсти меѓу цивилното население низ Појасот Газа. Каде и да видиме цел на Хамас, ќе нападнеме. Ќе се обидеме да направиме се што можеме за да ја минимизираме штетата на невините цивили“, рече тој.

Здравствените власти во Газа објавија дека повеќе од 5.000 луѓе загинале, а повеќе од 15.000 се повредени за време на двонеделното бомбардирање на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK