Кинески државјанин е обвинет дека украл повеќе од 23.000 долари од тројца патници на летот од Виетнам до Сингапур.
Според обвинението, за кражба е обвинет 52-годишен кинески државјанин кој бил на лет на сингапурската нискобуџетна авиокомпанија Scoot.
Наводно, од ранецот на еден патник одзел 123 американски долари, а од торбата на друг патник одзел 20.950 долари и банкнота од 50 сингапурски долари, што е околу 38 американски долари.
Тој е обвинет дека одзел пари во вредност од околу 700 долари од плик пронајден во сива торба на трет патник.
Портпаролот на авиокомпанијата изјави за „Си-Ен-Ен“ дека инцидентот се случил на лет на 16 декември од Хо Ши Мин до Сингапур.
Тој рече дека патник го предупредил екипажот во авионот за сомнение дека имало кражба и дека била активирана аеродромската полиција, по што патниците кои биле дел од инцидентот биле извадени од авионот од аеродромските власти за понатамошна истрага.