За Русија се подготвува уште еден кошмар: ЕУ предлага нов пакет санкции, на мета е и синот на Медведев

Медведев-Доаѓа-крајот-доаѓа-време-Америка-да-го-остави-режимот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во 12-тиот пакет санкции против Русија, Европската комисија предлага воведување рестриктивни мерки, меѓу другото, и против синот на заменикот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, објави Гардијан врз основа на документ до кој имал пристап.


Илја Медведев е мета на Европската комисија за наводно организирање дезинформативна и пропагандна кампања во Украина.

Меѓу 47-те лица против кои Комисијата сака да воведе санкции, е и братучетката на рускиот претседател Владимир Путин, Ана Цивилева, која претседава со фондацијата „Бранителите на татковината“, која ги поддржува руските војници кои се борат во Украина.

Во срцето на предлогот, кој лидерите на ЕУ допрва треба да го одобрат на следниот самит во декември, е целосна забрана за продажба на руски необработени дијаманти во Европската унија, што би можело да ги намали приходите на Русија за повеќе од 4,5 милијарди евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK