Еден од најактивните италијански вулкани Етна од минатиот викенд повторно исфрла лава, објавија италијанските медиуми.
Надлежните најавија дека будно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника.
Првите, слаби ерупции беа забележани на 8 февруари, а тенки потоци од лава беа регистрирани и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нуова, објави веб-страницата nationalworld.com.
Не се забележани значителни промени во параметрите на вулканот, објави „Опсерваторијата Етна“ на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Како што е соопштено, лавата тече во многу тесна линија и се протега на само неколку стотици метри, па се карактеризира како „нормална вулканска активност“.
Според вулканолозите, овој феномен е типична подтерминална ерупција бидејќи доаѓа од фрактура, а не од еден од главните кратери.
Етна, на островот Сицилија, е највисокиот активен вулкан (3.330 метри) во континентална Европа.
Минатото лето, по период на релативен одмор по големата ерупција во декември 2023 година, имаше неколку последователни ерупции.
И покрај честите ерупции, Етна е главна туристичка атракција.
Во 2013 година, УНЕСКО го прогласи вулканот и неговата околина за светско наследство, препознавајќи го неговото геолошко значење и влијание врз локалната култура и економија.