Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, распиша вонредни парламентарни избори за 17 декември, недела.
Владата на Србија во понеделникот испрати образложен предлог до претседателот Александар Вучиќ за распуштање на Народното собрание и распишување избори.
Како што најавуваат од српската влада, одржувањето нови парламентарни избори во постојните околности ќе обезбеди повисоко ниво на демократија, ќе ги намали тензиите создадени меѓу спротивставените опции во општеството, ќе ги отфрли ексклузивноста и говорот на омраза и ќе го потврди правото на слободно изразување мислења и ставови за одредени политички, економски и други прашања, вклучително и натамошната афирмација на европските вредности.
Итното распишување вонредни парламентарни и белградски избори и нивно одржување до крајот на годината е барање на претставниците на опозициските партии, кои ги организираат протестите „Србија против насилството“.
Претходно, во понеделникот, на 30 октомври, Владата на Србија донесе одлуки за распуштање на Собранието на Белград, а истите одлуки беа донесени и за уште 64 локални самоуправи во Србија.